|
За нас
|
За насВо претходните педесет години, Eti се разви од мала индустриска постројка во еден од водечките светски набавувачи на електрични инсталациони производи и услуги, а исто така и значаен произведувач на техничка керамика. Во тек на овој период, нашето основно производство се прошири во комплементирачки дејности во областа на пластиката, гумата, различни уреди и додатоци. Станавме важни добавувачи за индустриска автоматика, добавувачи на делови воглавно за Porshe, Audi и BMW. Производство со високо ниво на автоматизација на сите наши компоненти и услуги со највисоко ниво на надгледување ни дава сигурност дека нашата компанија ќе остане компетентна и ќе одговара на потребите и барањата на пазарот. Со планирана инвестиција во развојот на маркетингот и нашите производи, а исто така и со мудра финансиска политика (со цел штедење) изградивме стабилна деловна единица, која опстана и после неверојатните притисоци на нашата конкуренција и рецесиите последниве години. Повеќе од половина наши приходи се генерирани во согласност со западно-европскиот пазар, каде што добивме доверба на неколку престижни коорперации, вклучувајќи ги Siemens, Jean Mueller, Ferraz, Clipsal, Bussman, помеѓу другите. Денес, нашата иднина е на младите експерти, кои успешно го сублимираат искуството на претходните генерации и својот иновативен пристап до усовршување. Нашата верба во иновативниот пристап на нашите вработени доби големи пофалби. Оптимизирањето на производството и минимизирањето на трошоците ја зголеми конкуретноста на нашите производи и услуги. Нашите клиенти очекуваат од ETI највисоки стандарди на квалитет. Денес, ние можеме да гарантираме највисоки квалитети кои се во склад со ISO интернационалните стандарди како стандарди со најголеми барања. Наспроти незавидната ситуација на пазарот ние сме и понатаму посветени на квалитетот со комплетно реновирање на изгледот на нашето производство, што осигурува константна подршка на нашите клиенти при набавување на нашите производи со највисок квалитет. Оваа одлука не е лесно донесена, бидејќи бара нови инвестиции. Ние остануваме фирма каде по наше мислење инвестициите ќе бидат оправдани со резултатите: да се зголеми довербата на нашите деловни партнери која ја стекнавме. Мр. Томаж Бергинц |
|
| © Eti d.d. Vse pravice pridržane. 2004-2012 produkcija Kivi Com. |
| Дома Додади меѓу фаворити Контакт Мапа на сајтот | English | Srpsko |
|
|
![]() |
|||